Фото: ЕПА

Ниту еден друг скијач во машка и во женска конкуренција нема трицифрен број победи во СК. Шифрин победи вчера во слаломот во Сестриере и од 2011 година оствари 63 победи во слалом, 22 во велеслалом, пет во супервелеслалом, четири во спуст, три во градски настани, две во паралел-слалом и една во комбинација

АЛПСКО СКИЈАЊЕ

Микаела Шифрин ја забележа историската 100-та победа во Светскиот куп (СК) во алпско скијање, со триумфот вчера во слаломот во Сестриере (Италија). Ниту еден друг скијач во машка и во женска конкуренција нема трицифрен број победи во Светскиот куп.
Шифрин се натпреварува од 2011 година и досега во Светскиот куп оствари 63 победи во слалом, 22 во велеслалом, пет во супервелеслалом, четири во спуст, три во градски настани, две во паралел-слалом и една во алпска комбинација.
На листата со победи во Светскиот куп на второто место е Ингемар Стенмарк (Шведска, се натпреваруваше од 1973 до 1989 година) со 86 победи, а потоа се Линдзи Вон (САД, од 2001 година) со 82, Марсел Хиршер (Австрија, од 2007 до 2019 година) со 67, Анемари Мозер-Прел (Австрија, од 1969 до 1980 година) со 62, Френи Шнајдер (Швајцарија, од 1984 до 1995 година) со 55 триумфи… Н.М.