ЗОИ 2026 – МИКАЕЛА ШИФРИН ТРИКРАТНА ОЛИМПИСКА ШАМПИОНКА
- Почувствував секаков спектар на емоции во последните три месеци, последните четири месеци, последните четири години, последните осум години. Има толку многу различни патувања низ кои поминав за да бидам тука денеска, рече Шифрин, по триумфот во слаломската трка
Микаела Шифрин (30) стоеше на врвот на олимпискиот подиум, гледајќи речиси со неверица во златниот медал од Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и Кортина д`Ампецо. Американската скијачка ѕвезда не само што победи во слаломска трка за да ја заврши својата осумгодишна суша од медали на Зимски олимписки игри и да го подвлече својот статус како сигурно најголема алпска скијачка на сите времиња туку победи и во битка и со самата себе, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
– Како да се родиш повторно – рече Шифрин.
Тркајќи се во она што го опиша како „духовна состојба“, Шифрин направи две доминантни возења за да победи со огромна разлика од 1,5 секунда, што ја направи првата американска скијачка што освоила три алпски златни медали.
Во емотивните сцени по трката, Шифрин (30) беше прегрната од Камил Раст од Швајцарија, која го освои среброто, и од освојувачката на бронзен медал Ана Свен Ларсон, претходно се бореше со солзите додека се приближуваше до својата мајка и тренерка Ајлин за долга и длабока прегратка покрај целната зона. Низ сето тоа, таа никогаш не престана да мисли на својот татко Џеф, кој почина во февруари 2020 година.
Тоа беше најголемата разлика во секунди за победа во кој било олимписки настан во алпско скијање од 1998 година и трета најголема во слалом за жени, настанот што го освои како млада 18-годишна девојка на ЗОИ во Сочи во 2014 година за да го поткрепи својот растечки статус како суперѕвезда во скијање. Дванаесет години подоцна, и откако не успеа да ги исполни огромните очекувања на ЗОИ 2022 и стана најуспешната скијачка на Светскиот куп (СК) на сите времиња со рекордни 108 победи и да ги надмине двата најголеми пада во нејзината кариера, таа повторно се покажа на својот омилен настан. Нејзината скијачка кариера, во извесна смисла, штотуку се затвори, пишува АП.
За Шифрин ова беше и ослободување од притисокот што се создаваше откако помина осум олимписки трки без медал, откако освои злато и сребро на ЗОИ во Пјонгчанг во 2018 година. Тоа беше храна за „воините на тастатурата“, призна Шифрин, но таа ги игнорираше сите во ремек-делото во вторникот, пишува АП.
– Не можев да замислам позаслужен медал што еден спортист би го освоил. Таа беше толку доминантна, но како што знаеме, овие големи спортски моменти на ЗОИ носат дополнителен притисок. И да ја видам како скија толку добро и едноставно се бори, не би можела да бидам погорда на неа – рече Софи Голдшмит, претседателка и извршна директорка на Американската асоцијација за скијање и сноуборд, пренесе АП.
Шифрин сега има три златни и еден сребрен медал на ЗОИ, што го дополнува нејзиниот рекорден вкупен број победи во СК, кој вклучува 71 триумф во слалом, што е, исто така, рекорд. Исто така, има светски титули во слалом (четири), велеслалом и во супервелеслалом, што ја дополнува веројатно најдобрата кариера во алпското скијање, пишува АП.
– Почувствував секаков спектар на емоции во последните три месеци, последните четири месеци, последните четири години, последните осум години. Има толку многу различни патувања низ кои поминав за да бидам тука денеска – рече Шифрин, пренесе АП. Г.И.

































