Фото: Маја Јаневска Илиева

ШАХ

  • По 11 кола, таа освои шест поени во конкуренција на 123 шахистки од 51 држава

Македонската шахистка Илијана Велева (1.667 рејтинг-поени, рангирана 55-та пред почетокот на турнирот) го освои 50-то место во категоријата до 12 години на Светското првенство (СП) во Алмати (Казахстан). По 11 одиграни кола, таа освои шест поени (шест победи и пет порази) и го подели 41-52-то место, но според дополнителниот критериум е 50-та, пет места над почетното рангирање во конкуренција на 123 шахистки од 51 држава (четири ЖФМ и 14 ЖКМ). Во Алмати се играше шаховски мундијал во категориите до осум, 10 и до 12 години (момчиња и девојчиња).
Во последното коло на планетарниот шампионат за кадети, Велева (членка на ШК Алкалоид), која беше и единствената шахистка од Македонија на ова СП, со бели фигури ја победи Русинката Јулија Михалева (рејтинг 1.563, рангирана 79-та). Во оваа категорија првото место го освои Американката Лејси Ванг (1.883, 11-та), втора е нејзината сонародничка ЖФМ Лори Кју (1.994, петта), а трета Русинката Милана Алекс Соколова (1.870, 13-та), сите со по 8,5 поени, но Ванг имаше најдобар дополнителен критериум. Г.И.