Фото: Маја Јаневска-Илиева

ШАХ – СВЕТСКИ КУП

Рускиот велемајстор (ВМ) Андреј Есипенко (2.693 рејтинг-поени) го освои последното, трето место за пласман на Турнирот за кандидатите во 2026 година, од Светскиот куп (СК), на кој играа 206 шахисти, откако ги доби двете класични партии на дуелот за трето место на СК, со Узбекистанецот Нодирбек Јакубоев (2.689).
Светскиот куп, сепак, уште не е завршен, оти нерешено е во финалето помеѓу Кинезот Веи Ји (2.752) и Узбекистанецот Јавохир Синдаров (2.721). Победникот ќе биде решен по доигрувањето, а на победникот ќе му припадне и наградата од 120.000 долари.
И двајцата шахисти, без разлика на исходот, веќе се пласираа на Турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак, меч што ќе се одржи во 2026 година. На Турнирот на кандидатите ќе играат осум шахисти. Г.И.