Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес е победник на Охридскиот пливачки маратон што се одржа денеска на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до градското пристаниште.
– Трката беше многу тешка, бидејќи водата беше студена и имаше бранови. Многу сум среќен што победив – изјави Хернандес.
Во конкуренција на седумина пливачи и една девојка второто место го освои Франческо Гетини од Италија, додека трет беше Македонецот Евгениј Поп Ацев.
– Секој пат е тешко, долга е трката, на крај имаше бранови и беше тешко. Последниот час беше стварно тежок. Задоволен сум со второто место. Водата не беше многу студена, но сепак беше. Добра трка, многу сум среќен – рече Гетини по трката.
Покровител на маратонот е општина Охрид, Националната пливачка федерација и Агенцијата на млади и спорт, а технички организатор е клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“.