Фото:ЕПА

ШАХ

Актуелниот светски првак, индискиот велемајстор (ВМ) Домарају Гукеш (2.777 рејтинг-поени), го презеде водството на традиционалниот 87. шаховски турнир во холанскиот град Вајк ан Зе, со силина од 20. категорија (просечен рејтинг од 2.726 поени, девет кола, 14 играчи).
Деветтото коло му даде можност на Гукеш да поведе на табелата откако го победи сонародникот Леон Мендонка (2.639) со бели фигури. Узбекистанецот Нодирбек Абдусаторов (2.768) ремизира во солидна партија со Американецот Фабијано Каруана (2.803), а Индиецот Прагнананда Рамешбабу (2.747) загуби од Холанѓанецот Аниш Гири (2.731).
Лани на турнирот победи Кинезот Веи, пред Гукеш, Гири и Абдусаторов. Сите имаа по 8,5 поени, но по т.н. тајбрејк Веи беше најуспешен. Овој турнир е еден од најстарите во светот (првиот бил одигран во 1938 година), а најмногу пати (осум) славел Норвежанецот Магнус Карлсен.
Табела: Гукеш 6,5, Абдусаторов и Федосеев по шест, Прагнананда 5,5, Сарана, Каруана и Ји по пет, Гири 4,5, Харикришна четири, Ван Форест, Вармердам и Кејмер по 3,5, Еригаиси и Мендонка по 2,5 поени. Г.И.