Фото: Архива/„Нова Македонија“

Враќањето на македонските одбојкари кои учествуваа на турнир од Европската златна лига во Белгија е пролонгирано за еден ден бидејќи гром удрил во авионот за време на летот од Цирих за Скопје, по што пилотот решил да се врати назад во Цирих, пренесува МИА.

Одбојкарите се очекува денеска со нов лет да се вратат за Скопје.

Случката ја потврдил капитенот на македонската сениорска одбојкарска репрезентација Никола Ѓоргиев за порталот „Екипа“. Тој изјавил дека додека летале со авионот удрил гром, по што пилотот решил да се врати во Цирих.