Македонската шаховска експедиција во Прага

Во сите категории (момчиња и девојчиња), Македонија освои вкупно 4,5 поени од можни 13 или 34,6 отсто

ШАХ – ЗАПОЧНА ЕП ЗА МЛАДИ ВО ПРАГА

Три победи, три ремија и седум порази е епилогот на 13-те македонски претставници (шест девојчиња и седум момчиња), односно вкупно 4,5 поени од можни 13 (34,6 отсто), во првото коло на Европското првенство (ЕП) за млади во Прага. Се игра со класично темпо (90 минути, плус 30 секунди за секој одигран потег по играч), во шест возрасни категории (до осум 10, 12, 14, 16 и 18 години), во девет натпреварувачки кола. Македонските шахисти забележаа три победи, едно реми и три порази, односно 3,5 поени од седум можни (50 отсто), додека шахистките две ремија и четири порази, односно еден поен од шест можни (16,6 отсто).
Најпријатното изненадување го приреди Васил Иванов (рангиран на 48-то место), кој во категоријата до осум години, со црни фигури победи германски претставник, кој е деветти носител на турнирот и со рејтинг поголем за 256 поени, со што заработи нови 32,4 рејтинг-поени). Одлично одиграа и ремизираа Ахмет Селим Абдурахман (до 10 години) со шахист од Швајцарија, иако имаше 245 поени послаб рејтинг од него, и Софија Беловска (до осум години), која го подели поенот со шахистка од Азербејџан. Цел поен освоија уште Павел Крстевски (до 12 години) и сениорскиот репрезентативец, ФМ Антон Златков (до 18 години). Сениорската репрезентативка Моника Жежовска (до 16 години) ремизира со претставничка на Словачка иако според рејтингот беше фаворитка, а како што се одвиваше партијата, требаше да освои и цел поен.
Во силна конкуренција, на ЕП во сите категории (момчиња и девојчиња) играат вкупно 1.231 учесник од 47 земји, од кои 190 со титули (еден ВМ, 13 ИМ, 88 ФМ. 31 ЖФМ, 31 КМ, 26 ЖКМ). Г.И.


Резултати, 1. коло

ДЕВОЈЧИЊА
8 г. (23) Софија Беловска – (50) Мехин Талибова (Азе.) реми
10 г. (62) Андреја Цветановска – (26) Бјанка Мачакова (1.568, Свк.) 0-1
12 г. (60) Илијана Велева (1556) – (14) Алицја Гружецка (1.781, Пол.) 0-1
14 г. (47) Самјукта Сивашанкар (1.801, Анг.) – (101) Ивана Велкоска (1.490) 1-0
16 г. (7) Моника Жежовска (2.069) – (54) ЖКМ Карин Новомеска (1.815, Свк) реми
18 г. (19) ЖФМ Ева Барвинска (2.035, Пол.) – (61) Иџи Ајрадиноска (1.812) 1-0

МОМЧИЊА
8 г. (9) Вилхелм Ни (1.704, Гер.) – (48) Васил Иванов (1.452) 0-1
10 г. (76) Ахмет С. Абдурахман (1.602) – (20) Мариус Неусшилд (1.847. Шва.) реми
10 г. (92) Дамјан Николовски (1.526) – (36) Ерик Блех (1.755, Изр.) 0-1
12 г. (109) Рајанш Саксена (1.534, Анг.) – (52) Павел Крстевски (1.873) 0-1
14 г. (27) Александар Катањац (2.146, Срб.) – (98) Андреј Иванов (1.879) 1-0
16 г. (140) Ефе Ибраимов (1.770)- (66) Јанив Медовој (2.145, Изр.) 0-1
18 г. (99) Ерик Гудмундсон (Исл.) – (36) ФМ Антон Златков (2.297) 0-1