Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа (297-ма на ВТА-листата), ја совлада Унгарката Тимеа Бабош (264) со 6-3, 3-6 и 6-3 по сетови, за да се пласира во полуфиналето на фјучерс-турнирот во Санта Маргерита ди Пула, Италија.
Ѓорческа во следната рунда ќе се сретне со Хрватката Тена Лукаш (321).
Македонската претставничка и Холанѓанката Ева Ведер како први носителки моментно го играат полуфиналниот дуел во конкуренција на двојки против холандската комбинација Јасмијн Гимбрере – Бибиане Шуфс.
Турнирот во Санта Маргерита ди Пула на Сардинија се игра на земјена подлога и е со награден фонд од 25 илјади долари.