Најдобриот светски тенисер, Србинот Новаќ Ѓоковиќ, изјави оти по завршување на професионалната кариера нема амбиции да влезе во светот на политиката.
– Немам чувство дека тоа е свет или опкружување во кое јас би блескал. Сепак, мислам дека мојата популарност во Србија и регионот може да се искористи за некои други работи во кои би можел да придонесам за животот во општеството – рече Ѓоковиќ во опширно интервју кое денеска го емитуваше американскиот телевизиски канал „Си-би-ес“.
Триесетишестгодишниот Ѓоковиќ најави дека сè уште е далеку од завршување на својата импозантна кариера и порача оти е подготвен да продолжи со соборување на рекордите.
Ѓоковиќ досега во својата кариера освои рекордни 24 гранслем-титули, а триумфираше на 39 мастерс-турнири.