Првичната цел беше еден милион партии, а вкупниот број е неверојатни 7.284.970
ФИДЕ
На Меѓународниот ден на шахот, 20 јули, беше остварено монументално достигнување, се одржаа над 350 настани низ светот, онлајн и преку табла, поставувајќи рекорд за најмногу одиграни партии шах за 24 часа, пишува Светската шаховска федерација (ФИДЕ). Првичната цел беше еден милион партии, а вкупниот број е неверојатни 7.284.970.
Учествуваа вкупно 109 шаховски федерации, кои ги пријавија своите резултати на глобално ниво. Федерациите со најголем број одиграни партии беа Шри Ланка (9.848), Индија (9.397) и Казахстан (8.759), а домаќини на најмногу пријавени турнири за ова натпреварување беа Шри Ланка и Индија со по 78, Кина со 45, пишува ФИДЕ.
Со рекордот ФИДЕ постави и нов предизвик што ќе биде од корист за шахот, сите идни рекорди ќе зависат од тоа да се играат повеќе шаховски партии, со што ќе им се стави предизвик на шаховските ентузијасти во иднината да направат повеќе и да се стремат повисоко, пишува ФИДЕ. Н.М.