ШАХ – ПОЕДИНЕЧНИ ПРВЕНСТВА ЗА МЛАДИ
Во Струмица завршија поединечните младински првенства на Македонија во шах за момчиња и за девојчиња, во возрасните категории до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години, на кои младите шаховски надежи имаа можност да ги покажат своите умешности во древната игра на шаховската табла. Новите шампиони по категории се стекнаа со право да ја претставуваат Македонија на европско и на светско поединечно првенство.
Првенството во категоријата девојчиња до 18 години не се одржа, оти имаше пријавено само една шахистка, па титулата без игра ѝ припадна на репрезентативката, ЖФМ Моника Жежовска од ШК Алкалоид. Според бројот на освоени титули, првпат по неколку години ШК Гамбит Асеко СЕЕ и ШК Алкалоид освоија по пет први места. Во вкупниот број на освоени медали во сите младинските конкуренции, прв е Гамбит Асеко СЕЕ со пет злата, шест сребра и четири бронзи, пред Алкалоид со пет злата, три сребра и две бронзи.
Вкупно во двете конкуренции настапија 123 учесници, од кои во машка 96, а во женска 27. Најмногу имаше во категоријата до 10 години, 19 во машка и осум во женска. Г.И.
Најдобри клубови според освоени медали
Гамбит Асеко СЕЕ (Скопје) 5 6 4
Алкалоид (Скопје) 5 3 2
Цареви Кули (Струмица) 1 – 1
Куманово 1 – 1
Прилеп – 1 –
Стево Патако (Битола) – – 1
13. Ноември (Скопје) – – 1
колоните се златни, сребрени и бронзени медали
Поединечни шампиони за 2025 година
МОМЧИЊА
до 8 г. Јован Јовановски (Куманово)
до 10 г. Давид Атанасовски (Алкалоид)
до 12 г. Марко Стојановиќ (Алкалоид)
до 14 г. Даниел Стефаноски (Гамбит Асеко СЕЕ)
до 16 г. Никола Радоњанин (Алкалоид)
до 18 г. Антон Златков (Гамбит Асеко СЕЕ)
ДЕВОЈЧИЊА
до 8 г. Теа Ташкова (Цареви Кули)
до 10 г. Ина Крумова (Гамбит Асеко СЕЕ)
до 12 г. Илјана Велева (Алкалоид)
до 14 г. Елисавета Бурнс (Гамбит Асеко СЕЕ)
до 16 г. Делфина Огњановска (Гамбит Асеко СЕЕ)
до 18 г. Моника Жежовска (Алкалоид)