Од македонските шахисти најдобар пласман има ФМ Илиќ, кој e 14-ти, ФМ Златков е 15-ти, а ФМ Велјаноски 17-ти, сите имаат по шест поени. На турнирот Б победи ЖВМ од Русија, Димитрова
ШАХ – ЗАВРШИ „ОПЕН СКОПЈЕ 2024“
Велемајсторот (ВМ) Момчил Петков (2.545 рејтинг-поени, рангиран четврти пред почетокот на турнирот) од Бугарија е победник на традиционалниот меѓународен шаховски турнир „Опен Скопје 2024“, во конкуренција на 97 учесници (11 ВМ, три ЖВМ). По девет кола, Петков (19) освои седум поени, колку што имаа и ВМ од Украина, Витали Бернадскиј (рејтинг 2.546, трет пред турнирот), кој е втор, ВМ Денис Кадриќ (2.544, петти) од Црна Гора, кој е трет, и ВМ од Бугарија, Радослав Димитров (2.468, осми), кој е четврти, но Петков е прв според дополнителниот критериум. ВМ од Азербејџан, Елтај Зафарли, кој имаше највисок рејтинг на турнирот (2.610), е шести со 6,5 поени.
Од македонските шахисти најдобар пласман има ФМ Љубомир Илиќ (2.076, 39-ти), кој е 14-ти, ФМ Антон Златков (2.324, 17-ти) е 15-ти, а ФМ Андреј Велјаноски (2.304, 13-ти) е 17-ти, сите тројца имаат по шест поени. ИМ Никола Николовски (2.407, 11-ти) и Кирил Николовски (1.950, 61.) се на 21-то, односно 22-то место со по 5,5 поени.
Најдобар пласман од шахистките (играа 14) оствари ЖВМ од Германија, Сиона Сиебер (2.236, 26.), која со шест поени е вкупно 12-та. Од трите македонски шахистки најдобар пласман оствари Моника Жежовска (1.981, 56-та), која со пет поени е на 31-то место. ЖФМ Ивана Манова (2.059, 43-та) со четири поени е 56-та, а Леа Ефтовска (1.810, 89-та) е 70-та со 3,5 поени. Од македонските претставници, најмногу рејтинг-поени впишаа Кирил Николовски (79,2), Михаел Бурнс (76,4), Александар Спасов (54,8), а од девојките, Ефтовска (23,8). Лани на турнирот А меѓу 128 учесници од 20 држави (14 ВМ, еден ЖВМ) победи македонскиот ВМ Евгени Романов, кој тогаш уште ги бранеше боите на Норвешка, со 7,5 поени, но годинава не настапи.
На турнирот Б (рејтинг до 2.000 поени), дури осуммина го делеа првото место со по седум поени, но според дополнителниот критериум прва е ЖФМ од Русија, Елена Димитрова (1.998 рејтинг-поени), која беше рангирана прва и пред почетокот на турнирот. Втор е македонскиот шахист Горан Главинац (1.936, шести), а трет Јусуф Туркмен (1.958, четврти) од Турција. Имаше 136 учесници (еден ИМ и ЖФМ). Лани на турнирот Б настапија 169 шахисти од 13 земји, а триумфира Фахрудин Халиловиќ од БиХ со осум поени. Г.И.