Управниот одбор на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) донесе неколку одлуки за различни предлози од Комисијата и советите за време на својот состанок, меѓу кои и тоа 7 јули официјално да биде востановен како Светски ден на одбојката, бидејќи датумот ја одбележува првата јавна демонстрација на одбојката од Вилијам Морган во 1895 година и годишно ќе служи како глобална прослава на одбојката, пишува ФИВБ.
Одборот го одобри и предлогот за светско рангирање усогласен со актуелниот меѓународен одбојкарски пејзаж, па новиот предлог го проширува бројот на вклучени категории на настани. Според новата рамка, секоја континентална конфедерација може да вклучи до два годишни континентални настана во светското рангирање, а секоја зонска асоцијација еден годишен зонски настан. За да се квалификуваат за поени за светското рангирање, на официјалните мечеви мора да има најмалку четири сениорски репрезентации.
Во одбојка, за да се намалат ненадејните прекини на поените, тимовите веќе нема да можат да бараат видеопроверка на судиска одлука на средината на поенот, туку ќе можат да побараат на крајот на поенот за да ја разгледаат одлуката на судиите во врска со која било акција за време на поенот, вклучително и сервисот, пишува ФИВБ. По одобрувањето на Одборот, ќе се спроведе тест во Лигата на нациите, во младински категории и во светски првенства за сениори, за да се изменат правилата за ротација за тимот што прима сервис…, пишува ФИВБ. Н.М.