Фото: ЕПА

Од третото до осмото место следува група од шест шахисти со половина поен помалку, предводена од Французинот Максим Вашер-Леграв

ШАХ – ПО 3. КОЛО НА КУПОТ СИНКВИЛД (САД)

Францускиот велемајстор (ВМ) Алиреза Фирузја и Русинот Јан Непомнијашчи водат со по два поена по третото коло на Купот Синкфилд 2024, кој се игра во Сент Луис (САД), во рамките на годинашната Голема шаховска турнеја 2024. На турнирот учествуваат 10 врвни шахисти, меѓу кои и бранителот на светската шаховска титула, Кинезот Динг Лирен, и неговиот претендент, Индиецот Домарају Гукеш. Победникот ќе биде познат по девет одиграни кола со класично темпо на игра, 120 минути плус 30 секунди за секој потег по играч и претставува последна дестинација од Големата шаховска турнеја за годинава од нејзиното прво издание во 2015 година.
Според досегашниот број на освоени поени, Фирузја и Американецот Фабијано Каруана најверојатно ќе се борат за првото место, не само во класичниот круг туку и во генералниот пласман на оваа турнеја. Досега на турнирот, од вкупно 15 одиграни партии, само тројца забележале цел поен (Фирузја, Непомнијашчи и Каруана).
Резултати 3. коло: Фирузја – Вашер-Леграв реми, Непомнијашчи – Гири 1-0, Прагнананда – Гукеш реми, Лирен – Со реми, Каруана – Абдусаторов 1-0.
Табела: Фирузја (2.751 рејтинг-поени) и Непомнијашчи (2.767) со по 2 поена, Вашер-Леграв (2.721), Гукеш (2.766), Со (2.751), Прагнананда (2.749), Лирен (2.745), Каруана (2.793), сите со 1,5, Абдусаторов (2.762) и Гири (2.746) со по еден поен. Г.И.