Австралиецот Торстајн Трен ја задржа црвената маичка во генералниот пласман

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Белгискиот велосипедист од тимот Алпецин-Декунинк, Јаспер Филипсен, ја забележа својата втора етапна победа на годинашната грантур-трка, Вуелта (Шпанија), по онаа на стартот. Филипсен во фотофиниш во осмата етапа ги победи Италијанецот Елија Вивијани (Лото) и Итан Вернон (Израел-Премиер Тех) од Велика Британија на етапата долга 163,5 км, која се возеше од Монсон Темпларио до Сарагоса.
– Морав да го најдам својот пат, да земам малку дополнителен ветер затоа што нозете ми беа како бетон. Но успеав да победам, па затоа сум среќен, а трудот на тимот не беше залуден. Секоја победа на грантур-трка секогаш е посебна и никогаш не е лесна. Страдате многу денови во планините за да стигнете дотука. Отсега, па натаму ќе биде тешка Вуелта, но со победа, тоа секогаш го прави малку полесно – рече Филипсен по завршувањето на осмата етапа, пренесе „Би-би-си“.
Црвената маичка за лидерската позиција во генералниот пласман, на 13 етапи до крајот, ја задржа Норвежанецот Торстајн Трен од тимот Бахреин Викториус со предност од две минути и 33 секунди пред Данецот Јонас Вингегор (Визма-Лиз) и Португалецот Жоао Алмеида (УАЕ Емирати ХРГ), кој доцни две минути и 41 секунда. Вчера следуваше деветтата етапа со ридско возење од Алфаро до Валдескарај во должина од 195 км. До крајот остануваат уште 13 етапи. Г.И.