Со 14 години, велемајсторот (ВМ) од Турција, Јагиз Кан Ердогмуш, се проби меѓу првите 100 шахисти во светот, откако достигна рејтинг од 2.642 поени на августовската ранг-листа на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), со што се искачи на 87-то место во светот. Тоа го прави втор најмлад шаховски играч во историјата што е меѓу врвните 100, веднаш зад Унгарката Јудит Полгар, која стигна до 55-то место во светот на 12 години во 1989-та, со рејтинг од 2.555, пишува „Чес“.
Метеорскиот подем се случи откако ја проби бариерата од 2.400 рејтинг-поени како 11-годишник во 2022 година. Тој стана ВМ на 12 години во 2023-та и сега е најмлад ВМ во светот, четврти најмлад што некогаш станал ВМ. На 13 години тој стана и најмлад што некогаш забележал рејтинг од 2.600 поени. Два месеца откако наполни 14 години додаде уште еден подвиг со возраста, за највисоко оценет играч во историјата пред да наполни 15 години, соборувајќи го рекордот на ВМ Веи Ји (2.634) поставен во 2014 година, а веќе држи рекорди за највисоко оценет играч пред неговиот 13. (2.569) и 14. (2.626) роденден, пишува „Чес“. Г.И.
Пет најмлади шахисти што влегле меѓу врвните 100
РАНГ ШАХИСТ РЕЈТ. ГОД. ВОЗРАСТ
55 Ј. Полгар 2.555 1989 12,44 г.
87 Ј. Ердогмуш 2.642 2025 14,16 г.
93 Т. Раџабов 2.599 2002 14,81 г.
89 М. Карлсен 2.625 2006 15,09 г.
64 С. Карјакин 2.635 2005 15,22 г.