Фото: „Нова Македонија“

Сите вчерашни натпревари во фудбалската Суперлига и Првата фудбалска лига на Србија требаше да почнат со едноминутно молчење за настраданите во пожарот во дискотека во Македонија, објавено е на официјалната интернет-страница на Сојузот на фудбалски клубови од фудбалската Суперлига и Првата лига на Србија во фудбал. Српската влада соопшти и дека 18 март се прогласува за ден на жалост поради трагичниот настан во Кочани, каде што во пожарот во дискотеката „Пулс“, кој избувна вчера утрината во три часот за време на концертот на групата „ДНК“, според последните информации, загинаа најмалку 59 лица. Г.И.