Во сво­ја­та тре­та го­ди­на СП по­рас­на, со зго­ле­мен на­гра­ден фонд и број на еки­пи (55)

ЗАБРЗАН И БРЗ ШАХ
Во Лон­дон утре поч­ну­ва екип­но­то Свет­ско пр­венс­тво (СП) во за­бр­зан и во брз шах. Во сво­ја­та тре­та го­ди­на СП по­рас­на, со зго­ле­мен на­гра­ден фонд и број на еки­пи (55). Ка­ра­кте­ри­сти­ка на ова из­да­ние е го­ле­ми­от број мла­ди та­лен­ти, еки­пи­те се со­ста­ве­ни од игра­чи од си­те ни­воа, ќе игра­ат мно­гу врв­ни свет­ски ве­те­ра­ни, чие при­сус­тво сиг­на­ли­зи­ра по­ши­ро­ка ге­не­ра­ци­ска про­ме­на во елит­ни­от шах. Во про­дол­же­ние не­кои од та­лен­ти­те под­го­тве­ни да оста­ват свој бе­лег во еки­пи­те на СП 2025, пи­шу­ва Свет­ска­та ша­хов­ска фе­де­ра­ци­ја (ФИДЕ).
 
– Шре­јас Ро­јал (16), најм­лад бри­тан­ски играч со ти­ту­ла ве­ле­мај­стор (ВМ, на 15 го­ди­ни и се­дум ме­се­ци), со зна­чај­ни на­ста­пи во Швај­ца­ри­ја во 2023 го­ди­на (4,5 по­е­ни од 11) и ше­сто ме­сто на пр­венс­тво­то на В. Бри­та­ни­ја ла­ни.

– Де­бо­ра Квик­пен (13) го поч­на сво­е­то ша­хов­ско па­ту­ва­ње на три го­ди­ни, а со 11 го­ди­ни ста­на најм­ла­да­та шам­пи­он­ка во Ни­ге­ри­ја. Таа е најм­ла­да­та што не­ко­гаш осво­и­ла на­ци­о­нал­на ти­ту­ла.

– Бо­да­на Си­ва­нан­дан (10), жен­ски ФИДЕ-мај­стор, поч­на да игра во 2020-та, освои сре­бро на ЕП 2022 во за­бр­зан и брз шах (до осум го­ди­ни). Во ју­ли ла­ни игра­ше на Ша­хов­ска олим­пи­ја­да и ста­на најм­ла­да анг­ли­ска ре­пре­зен­та­ти­вка во кој би­ло спорт.

– Ро­ман Шог­џи­ев (10), не­по­сред­но пред ова СП вле­зе во исто­ри­ја­та ка­ко најм­лад ин­тер­на­ци­о­на­лен мај­стор (10 го­ди­ни, три ме­се­ци, 21 ден). Во 2023 го­ди­на со осум го­ди­ни по­бе­ди пет ВМ на СП во за­бр­зан и во брз шах.

– Фа­у­сти­но Оро (11), ар­ген­тин­ски ИМ, најм­лад играч што по­стиг­нал кла­си­чен реј­тинг од 2.300 по­е­ни, во 2023 го­ди­на. Во март го по­бе­ди Маг­нус Карл­сен на тур­нир што се играл на ед­на ми­ну­та за пар­ти­ја. Оро го др­же­ше ре­кор­дот за најм­лад ИМ до мај го­ди­на­ва.

– Со­фи­ја Бло­хин (19), ФМ од Есто­ни­ја, свет­ска пр­вен­ка во брз шах (до 18 го­ди­ни) и по­ве­ќе­крат­на европ­ска шам­пи­он­ка. Ја прет­ста­ву­ва­ше сво­ја­та др­жа­ва на две Ша­хов­ски олим­пи­ја­ди (ШО) и бе­ше ре­зер­ва на екип­но­то ЕП 2023.

– Жо­ка Гал (18), ун­гар­ски ЖВМ, ја до­би таа ти­ту­ла во но­ем­ври 2024 го­ди­на. Бе­ше европ­ска мла­дин­ска пр­вен­ка во 2016-та (до 10 го­ди­ни) и свет­ска он­лајн мла­дин­ска шам­пи­он­ка во 2021 (до 14 го­ди­ни).

– Марк Ан­дри­ја Ма­у­ри­ци (18), најм­лад фран­цу­ски ВМ (14 го­ди­ни и пет де­на), го де­ле­ше пр­во­то ме­сто на СП 2023 за ју­ни­о­ри. На тур­ни­рот „Та­та Стил че­лин­џерс“ ла­ни де­ле­ше вто­ро ме­сто со Да­ни­ел Дар­да, а во фе­вру­а­ри го­ди­на­ва го освои тур­ни­рот „Џер­ба ма­стерс“ со пер­фор­манс од 2.898 по­е­ни.

– Ја­гиз Кан Ер­дог­муш (13) од Тур­ци­ја, ста­на ВМ ла­ни и е најм­ла­ди­от што ја по­ми­нал гра­ни­ца­та од 2.600 р.п. Има­ше зна­чај­ни ус­пе­си на не­кол­ку сил­ни тур­ни­ри, ка­ко „Сан­веј Си­тгес“ во 2023-та (де­вет­ти) и „Грен­ке опен“ ла­ни.

– Пра­нав Вен­ка­теш (18) во 2022 го­ди­на ста­на 75-ти ВМ на Ин­ди­ја, а во март го­ди­на­ва ја освои ти­ту­ла­та свет­ски ју­ни­ор­ски пр­вак. Тој има две зла­та до 18 го­ди­ни на СП во за­бр­зан и во брз шах за мла­ди.
 
– Сар­бар­то Ма­ни (9), ФМ од Ин­ди­ја, ќе игра во ист тим со слав­ни­от ВМ Ви­шва­на­тан Ананд. На се­дум го­ди­ни по­бе­ди на На­ци­о­нал­но­то отво­ре­но пр­венс­тво до се­дум го­ди­ни, со де­вет по­бе­ди од де­вет пар­тии.
 
– Но­ам Са­сон (11) е ви­це­шам­пи­он до 12 го­ди­ни и во за­бр­зан и во брз шах на мла­дин­ско­то СП. Акту­ел­ни­от изра­ел­ски ка­дет­ски шам­пи­он не­о­дам­на го освои Отво­ре­но­то пр­венс­тво на Ита­ли­ја до 20 го­ди­ни. 
 
Г.И.