Фото: ЕПА

ТЕНИС

Ема Радукану и Карлос Алкараз се потврдени како учесници со т.н. вајлд-карта на годинашниот турнир во мешани двојки на тенискиот гран-слем САД опен, а ќе играат и Џек Дрејпер и Венус Вилијамс, пишува „Скај спорт“. Во обид да привлечат некои од најголемите имиња во спортот, организаторите го зголемија наградниот фонд, ги поместија мечевите во мешани двојки од истото време како поединечните и други натпревари во двојки за неделата пред почетокот на натпреварите во поединечна конкуренција, го намалија форматот и еден сет ќе се игра до четири добиени гејма, без предност…
Првенството во мешани двојки ќе се одржи на 19 и 20 август, а за победниците има еден милион долари. Уште два тима ќе бидат објавени подоцна. Осум од вкупно 16 двојки добија директен влез во ждрепката, вклучувајќи ги Ема Наваро и Јаник Синер, како и Ига Швјонтек и Каспер Руд. Џек Дрејпер исто така е во главната група, заедно со Паула Бадоса, а Џесика Пегула и Томи Пол ќе играат заедно пред домашна публика. Други значајни тенисери со вајлд-карти се Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ, двократната гранслем-шампионка во мешани двојки, Венус Вилијамс, ќе се натпреварува со Рајли Опелка, а актуелните шампиони на САД опен во мешани двојки, Сара Ерани и Андреа Вавасори исто така добија вајлд-карта, пишува „Скај спорт“.
Двојки: Ема Наваро и Јаник Синер, Паула Бадоса и Џек Дрејпер, Ига Швјонтек и Каспер Руд, Елена Рибакина и Тејлор Фриц, Аманда Анисимова и Холгер Руне, Белинда Бенчиќ и Александер Зверев, Џесика Пегула и Томи Пол, Мира Андреева и Данил Медведев, Ема Радукану и Карлос Алкараз, Медисон Кис и Франсес Тиафое, Олга Даниловиќ и Новак Ѓоковиќ, Тејлор Таунсенд и Бен Шелтон, Сара Ерани и Андреа Вавасори, Венус Вилијамс и Рајли Опелка и уште два тима со вајлд-карти. Н.М.