Златни медали освоија Димовска и Мировски, а сребрен Змејкоски, сите во дисциплината лоукик

КИКС-БОКС

Македонската кикбокс маитаи федерација, предводена од нејзиниот претседател Дејан Митровски, освои две злата и едно сребро на Светското првенство (СП) за јуниори, кое се одржа во Будимпешта (Унгарија), што е голем успех.
Првото злато го освои Марија Димовска (категорија до 60 кг, помлада јуниорка) во дисциплината лоукик, откако во полуфиналето ја победи Јелена Стојановиќ од БиХ, а во финалето Израелката Мија Лијамицев. Второто злато му припадна на Силвио Мировски (категорија до 71 кг, постар јуниор) во лоукик. Тој во квалификациите го совлада Мехмет Таха од Турција, во полуфиналето Атанас Димов од Бугарија, а во финалето Иван Бородатји од Украина.
Сребрен медал освои Лука Змејкоски (категорија над 81 кг, помлад јуниор) во лоукик. Тој во полуфиналето беше подобар од Владислав Лендел од Украина, а во финалето загуби од Мухамед Дупљак од Србија.
На годинашното Светско првенство правдата одлично ја делеше и македонската судијка Елена Костадиновска, со што се стекна со лиценца за меѓународен судија од А-класа. Г.И.