ЏУДО
- Првенствата свечено ги отвори генералниот секретар на ЏФМ, Благоја Гешоски, кој им посака успех на сите натпреварувачи и ја истакна важноста на спортот и поддршката на младите таленти
Доминација на скопскиот џудо-клуб Миоки на првенството на Македонија за кадети, кое се одржа во спортската сала „Антон Димитров“ во Скопје, во организација на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ), а со техничка поддршка на ЏК Радишани. Покрај кедетското, успешно се одржаа и првенствата во категориите за деца до 12 години.
Првенствата свечено ги отвори генералниот секретар на ЏФМ, Благоја Гешоски, кој им посака успех на сите натпреварувачи и ја истакна важноста на спортот и поддршката на младите таленти. На првенствата учествуваа голем број млади џудисти од повеќе македонски клубови, кои прикажаа одлични борби и спортски дух.
Во кадетска конкуренција Миоки освои 12 медали, од кои по четири златни, сребрени и бронзени, а во категоријата до 12 години се закити со 13 медали, од кои четири златни, два сребрени и седум бронзени, или вкупно 25 во двете конкуренции, а предводени од нивниот тренер Игор Паскоски, информираат од ЏК Миоки. Кај кадетите на Миоки со злато се закитија Филип Митревски (категорија до 66 кг), Петар Давчев (до 73 кг), Михаил Дојчинов (до 81 кг) и Емилија Паскоска (до 48 кг), сребро освоија Хамида Друштинац (до 48 кг), Марко Панчевски (до 66 кг), Тома Винокиќ (до 73 кг) и Марио Стојчевски (до 90 кг), а бронзи Стефан Боев (до 90 кг), Нина Панчевска (до 48 кг), Ада Едип (до 52 кг) и Синем Хасан-Озгун (до 52 кг). Во категоријата до 12 години прваци станаа Тео Албановски (до 27 кг), Михаил Анѓушев (до 50 кг), Сара Спасовска (до 23 кг) и Дина Николовска (до 26 кг), сребра освоија Бисера Спасовска (до 44 кг) и Виктор Настески (до 50 кг), а бронзи Кирјана Нечковски (до 32 кг), Амелија Реџепи (до 36 кг), Ханифа Амит (до 48 кг), Михаил Николоски (до 22 кг), Алексеј Јовановски (до 25 кг), Лука Николовски (до 34 кг) и Бојан Казанков (до 38 кг). Г.И.































