Димитар Димитровски

Во финалниот дуел, Мертојак го совлада германски Епелхејм со 6-2, Димитовски играше на третата патека и го победи својот ривал со 622-603

КУГЛАЊЕ – ЕВРОПСКИ КУПОВИ

На 22-от НБЦ-куп во Апатин, Србија, стандардниот македонски репрезентативец Димитар Димитровски со хрватскиот клуб Мертојак го освои првото место и со тоа заедно со својот клуб обезбеди пласман во Лигата на шампионите (ЛШ) во куглање. Во финалниот дуел, Мертојак го совлада германски Епелхејм со 6-2 во поединечни поени, а 3.699-3.636 во вкупно соборени кегли. Димитровски играше на третата патека и го победи својот ривал со 622-603 кегли.
Во Светскиот куп (СК), од каде што пласман во ЛШ остварија првите осум екипи, титулата ја освои германски Зербст, кој ја совлада словачка Подбрезова со 8-0 (3.667-3.911). И во Европа-купот прв е австриски Неункирхен, кој во финалето го победи германски Раиндорф со 5,5-2,5 (3.724-3.681), додека хрватски Задар, за кого игра македонскиот репрезентативец Борис Бенедик, го освои четвртото место, откако загуби од словачки Трстена Старек поради послаб број соборени кегли (3.683-3.3699). Бенедик победи на шестата патека. Клубот обезбеди пласман во ЛШ. Македонскиот репрезентативец Урош Стоклас со словенечкиот клуб Радље го освои петтото место во НБЦ-купот и не се пласира во ЛШ. Стоклас во квалификациите урна 632 кегли.
Најдобар поединечен резултат оствари Унгарецот, кој игра за Неумаркт, Тамаш Киш (741), но овој резултат не се смета за светски рекорд, оти не е остварен на Светско првенство.
Од македонските претставници, Макпетрол во СК е деветти, Вардар 2014 е 13-ти и Пелистер 1982 е 19-ти во Европа-купот, ГТЦ Мусандра во НБЦ-купот е 23-та, а женската екипа на Пелистер Пин во СК е 13-та. Г.И.