ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ВУЕЛТА
Единаесеттата етапа (долга 157,4 км) од годинешнава велосипедска грантур-трка Вуелта, која се возеше низ Билбао, беше прекината поради масовни протести на пропалестинските демонстранти насочени против учеството на тимот на Израел Премиер Тек. Најавата за вакво можно сценарио дојде на околу 20 км пред целта, а етапата беше прекината кога демонстрантите се обидоа да го блокираат пристигнувањето на велосипедистите до целта. Ова е третпат да прекинат етапа на Вуелта, по инцидентите за време на хронометарската трака минатата недела и за време на десеттата етапа. По ова организаторите решија да ја скратат етапата за три км и да нема победник иако истата таа ќе се бодува за генералниот пласман.
Црвената маичка за најдобар во генералниот му припаѓа на Данецот Јонас Вингегор со време од 41 час, 14 минути и 52 секунди. Португалецот Жоао Алмеида е на второто место со 50 секунди заостанување, додека Британецот Том Пидкок е трет со 56 секунди зад првиот. Вчера требаше да се вози планинска етапа долга 144,9 км од Ларедо до Лос Коралес де Буелна. Г.И.