ЕП ВО ВАТЕРПОЛО

Во Загреб и Дубровник почна Европското првенство (ЕП) во ватерполо, кое ќе трае до 16 јануари, кога и ќе биде познат носителот на златниот медал, како и една селекција учесник на Олимписките игри (ОИ) во Париз 2024. Хрватска втора година во низа е домаќин на ЕП и е актуелен првак од 2022 година. Ова ЕП се игра во поинаков формат од претходно, со четири групи во две дивизии, кои се формирани врз база на резултатите од претходното ЕП. Осумте најдобри екипи ја формираат дивизијата еден, а другите осум дивизијата два. Двете најдобри од секоја група во првата дивизија ќе се пласираат директно во четврт-финалето. Преостанатите две од посилната дивизија во плејофот ќе се сретнат со двете најдобри од дивизијата два.
Ако првак биде Унгарија, Грција или Франција, кои веќе обезбедиле олимписка виза, следната најдобро пласирана држава ќе биде дел од ЛОИ. ЕП ќе ги даде и последните селекции на СП, кое ќе се игра во Доха (2-18 февруари).
Резултати 1. коло, група А: Црна Гора – Франција 20-19 (по изведување пенали), Хрватска – Шпанија 14-12 (по изведување на пенали). Група Б, Грузија – Италија 5-22 и Унгарија – Грција 8-10. Вчера играа, група Ц: Србија – Израел, Германија – Малта. Група Д, Словачка – Словенија, Холандија – Романија. Г.И.