Фото: ЕПА

ОДБОЈКА – СП ЗА МАЖИ

  • На СП, кое се игра во филипинските градови Пасај Сити и Гуезон Сити, за првпат учествуваа 32 репрезентации

Машката одбојкарската репрезентација на Чешка се пласираше во полуфиналето на Светското првенство (СП) во одбојка за мажи во филипинскиот град Пасај Сити, откако во четврт-финалето го победи Иран со 3-1 во сетови (22-25, 27-25, 25-20, 25-21). Најефикасен играч кај Чесите беше Патрик Индра со 22 поени, а кај поразените, Али Хаџипур и Порија Хосеин Ханзадех реализираа по 18. Чешка денеска во полуфиналето на СП ќе игра против Бугарија, која ги совлада САД со 3-2 во сетови (21-25, 19-25, 25-17, 25-22, 15-13), и покрај тоа што губеше со 0-2 во сетови.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Италија и Полска, репрезентации што играа во финалето на последното СП 2022 година во Полска и Словенија, а славеше Италија со 3-1, додека трет беше Бразил. Италија во четврт-финалето лесно ја победи Белгија со 3-0 во сетови (25-13, 25-18, 25-18), додека Полска во четврт-финалето ја совлада Турција со 3-0 во сетови (25-15, 25-22, 25-19). Дуелите за третото и првото место се на програмата утре. На ова СП, кое се игра во филипинските градови Пасај Сити и Гуезон Сити, за првпат учествуваат 32 репрезентации.

Италија досега има четири злата и едно сребро од СП, Полска три злата и две бронзи, Чешка две злата и четири сребра, а Бугарија едно сребро и четири бронзи.
Најтрофејна репрезентација е поранешниот СССР со шест злата, две сребра и три бронзи. Г.И.