Со тренерот Данчевски се анализира секоја партија

На четири кола до крајот Златков е најдобропласиран Македонец, на 22-то место со 3,5 поени

ШАХ – ЕП ЗА МЛАДИ ВО ПРАГА

Четири победи, четири ремија и пет порази или вкупно шест освоени поени, впишаа 13-те македонски претставници (46,1 отсто), во петтото коло на Европското првенство (ЕП) за млади во Прага (во седум возрасни категории, до осум 10, 12 14, 16 и 18 години). Цел поен освоија Беловска, Велева, Абдурахман и Николовски. Момчињата освоија 3,5 поени од можни седум (две победи, три ремија и два пораза) или 50 отсто, а девојчињата 2,5 поена од шест партии (две победи, едно реми и три порази) или 41,6 отсто. По ова коло, пак, македонските претставници заедно имаат 25 поени од можни 65 (38,4 отсто), од кои момчињата 14,5 од 35 партии (41,4 отсто), а девојчињата 10,5 од 30 партии (35 отсто).
И понатаму од Македонците најуспешен е ФМ Антон Златков на 22-то место со 3,5 поени (70 отсто), следуваат Софија Беловска (29), Моника Жежовска (40), Ахмет Селим Абдурахман (66) и Андреј Иванов (78), сите со по 2,5 поени (50 отсто). Васил Иванов (55), Инџи Ајрадиноска (63), Павел Крстевски (70), Илијана Велева (73) и Дамјан Николовски (87) имаат по два поена. Андреа Цветановска еден поен (67), Ивана Велкоска 0,5 поен (108) и Ефе Ибраимов е без поени (147). На ЕП во сите категории (момчиња и девојчиња) играат вкупно 1.231 учесник од 47 земји, од кои 190 со титули. Г.И.


Резултати, 5. коло

ДЕВОЈЧИЊА
8 год. (23) Беловска – (45) Радионова (Естонија) 1-0
10 год. (62) Цветановска – (51) Сер (1.449, Литванија) 0-1
12 год. (91) Ренен (Естонија) – (60) Велева (1556) 0-1
14 год. (86) Косцелникова (1.602, Словачка) – (101) Велкоска (1.490) 1-0
16 год. (7) Жежовска (2.069) – (61) Михаилетс (1.907, Украина) 0-1
18 год. (25) Сипош (1.993, Унгарија) – (61) Ајрадиноска (1.812) реми
МОМЧИЊА
8 год. (40) Пера (1.515, Полска) – (48) В. Иванов (1.452) реми
10 год. (76) Абдурахман (1.602) – (50) Живиќ (1.692, Хрватска) 1-0
10 год. (92) Николовски (1.526) – (108) Конарис (Кипар) 1-0
12 год. (89) Арановски (1.599, Израел) – (52) Крстевски (1.873) 1-0
14 год. (67) Штихтер (1.961, Германија) – (98) А. Иванов (1.879) реми
16 год. (140) Ибраимов (1.770) – (141) Ејупи (1.766, Косово) 0-1
18 год. (50) ФМ Валиев (2.245, Азербејџан) – (36) ФМ Златков (2.297) реми