ЗОИ 2026
- За Брињоне ова веќе беа извонредни ЗОИ. Откако закрепна од тешката скршеница на ногата и се врати само неколку недели пред Игрите, победата во супервелеслалом создаде спомени и емоции, но, само три дена подоцна, таа влегува во историјата како двојна олимписка шампионка, пишува ФИС
Ја поминав целта и си реков: „Не знам дали е доволно кога поминав низ последните неколку порти“. Потоа ја слушнав публиката и реков: „О, можеби да“, се свртев и го видов бројот еден. Имам премногу емоции. Не можам да верувам, уште еднаш, рече Федерика Брињоне (Италија), по победата и во велеслаломот во алпско скијање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и во Кортина д`Ампецо.
Брињоне ја продолжи својата олимписка бајка на ЗОИ, освојувајќи втор златен медал на Игрите во Милано и во Кортина д`Ампецо, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС). Неверојатното закрепнување на Брињоне од повреда ја одведе директно до врвот на спортот, правејќи го тоа во нејзината татковина во два одвоени наврата досега, пишува ФИС. Сребрениот медал во велеслалом го поделија Сара Хектор (Шведска) и Теа Луиз Стјернесунд (Норвешка).
За Брињоне ова веќе беа извонредни ЗОИ. Откако закрепна од тешката скршеница на ногата и се врати само неколку недели пред Игрите, победата во супервелеслалом создаде спомени и емоции, но, само три дена подоцна, таа влегува во историјата како двојна олимписка шампионка, пишува ФИС. По закрепнувањето во изминатите 12 месеци, пресвртот на Брињоне кон освојување двојно злато е без преседан, но, на некој начин, таа верува дека недостигот од очекувања ѝ помогнал да се подготви за големи работи, пишува ФИС.
– Немав тренинг каков што сакав, знаев дека морам да се подобрам, требаше да бидам навистина концентрирана и навистина да се форсирам бидејќи немав предност. Немав притисок тука да бидам една од фаворитките или дека требаше да бранам нешто, па затоа дојдов само за да го направам моето најдобро скијање – рече Брињоне, пренесе ФИС. Н.М.

































