ТЕНИС

Светскиот тениски рекет број еден Карлос Алкараз нема да настапи на првиот гранслем годинава, Австралија опен, откако ја повреда ногата на претсезонскиот тренинг, пишува „Би-би-си“. Шпанецот стана најмладиот машки светски тениски рекет број еден во историјата, откако го освои својот прв гранслем-турнир на САД опен, во септември лани. Австралија опен се игра од 16 јануари.
– Се повредив случајно, со неприродно движење. Работев толку напорно за да стигнам до моето најдобро ниво за Австралија опен, но нема да можам да играм – рече Алкараз.
Неговото отсуство на отвореното првенство на Австралија значи дека сонародникот и бранител на титулата Рафаел Надал ќе биде прв носител кај мажите на турнирот во Мелбурн. Поради повреда на абдоменот, Алкараз не настапи и на завршните натпревари на АТП-финалето и во Дејвис-купот кон крајот на 2022 година.