БОКС
- Рустeмовски стигна до трофејот по извонредната борба и техничката супериорност во рингот на дуелот со Англичанецот Џозеф Тарнер
Боксерот на клубот Пелистерски јунак и македонски репрезентативец, Ален Рустемовски, кој настапи во категоријата до 60 килограми, е победник на традиционалниот меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“, кој по 54-ти пат се одржа викендов во Скопје. Рустeмовски стигна до трофејот по извонредната борба и техничка супериорност во рингот на дуелот со Англичанецот Џозеф Тарнер, во која славеше со едногласна одлука на судиите.
За најдобар македонски боксер е прогласен Адријан Рустемовски, најдобар странец е Молдавецот Даврон Бозоров, најдобар техничар Џозеф Тарнер, а Рио Гордон од Англија и Наум Стојаноски од Македонија се прогласени за најборбена двојка. Најдобар тренер е Михал Мунетан од Молдавија, а Роберт Винеман е најдобар судија.
Резултати од финалињата: категорија до 55 кг, Емануел Коцо (Албанија) – Кристијан Коцо (Албанија) 0-5; до 60 кг, Ален Рустемовски (Македонија) – Џозеф Тарнер (Англија) 5-0; до 60 кг, Стефан Петрушевски (Македонија) – Адријан Рустемовски (Македонија) 0-5; до 65 кг, Ибрахим Мезани (Албанија) – Амардип Синг (Англија) 0-5; до 70 кг, Емин Јилдиз (Австрија) – Лехцун Антон (Молдавија) 5-0; до 70 кг, Наум Стојаноски (Македонија) – Рио Гордон (Англија) 0-5; до 75 кг, Алперен Јилмаз (Турција) – Даврон Бозоров (Молдавија) 0-5; до 80 кг, Никола Кисковски (Македонија) – Лаки Аимуфуа (Австрија) 0-5; до 85 кг, Кристијан Иванов (Бугарија) – Дивин Омојор (Англија) 0-5; до 90 кг, Патрик Плантич (Хрватска) – Андреј Заплинај (Молдавија) 0-5. Г.И.

































