Александар Неделковски

Пулексенија Јованоска го освои 11-то место од 30 натпреварувачки додека Александар Николовски 13-то меѓу 35 натпрварувачи во дисципшлината кати на Европското првенство (ЕП), кое до недела се одржува во хрватскиот град Пореч.

Јованоска најпрвин беше четврта во својата група со 21,2 бода (Англија, Словенија, Чешка, Косово, Унгарија и Италија), додека во вториот круг со освоени 22,8 бода беше шеста, што пак резултираше во генералниот пласман да заврши на 11-то место, што е послабо остварување од претходното ЕП во Гвадалахара (Шпанија), каде оствари одличен пласман, освојувајќи ја петтата позиција.

Младиот и талентиран член на Металург, Александар Неделковски (19), во својата втора група (Лихтенштај, БиХ, Португалија, Летонија, Шведска, Полска, Црна Гора и Турција), со освоени 23,4 поени за изведба на својата ката беше четврти, а во вториот круг со 22,2 поени заврши како седми, што пак, во генералниот пласман му го донесе 13-то место од 35 европски каташи.

На ЕП настапуваат над 500 каратисти од 47 држави во дисциплините борби и кати.

Г.И.