Во четвртото првенствено коло екипата на Јанта Волеј со убедливи 3-0 го совлада дебитатнтот во лигата екипата на Ускана и ја најави кандидатурата за највисок пласман на табелата. Одбојкарките на Јанта Волеј од Скопје, во трите сета на домаќинот му дозволија да освои 32 поени за 57 минути игра.
Физички супериорни, играчки поквалитетни, гостинките од Скопје делуваа како хомогена целина, без слаби места во својот состав. Првите два сета протекоа во целосна доминација на гостинките од Скопје, додека во третиот сет само во првата третина имаше нешто поизрамнета игра.
Во првиот сет доминантна игра на скопјанки кои поведоа со 10 поени разлика и до крајот на сетот оваа разлика се зголемуваше за конечни 25-8. Во вториот сет по слично сценарио, гостинките уште од самиот почеток се стекнаа со високо водство кое систематски го зголемуваа за на крајот сетот да заврши со резултат 25-12. Во третиот сет видовме нешто поизедначена игра до 8-8, кога гостинките заиграа малку поангажирано и како резултат на таквата игра разликата во поени почна да расте за на крајот сетот да го решат во своја корист со резултат 25-14. З.А.