Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно стартуваше на меѓународниот тениски турнир во Подгорица, Црна Гора, што се игра за награден фонд од 25.000 американски долари. Во првото коло таа ја совлада хрватската тенисерка Леа Бошковиќ со 7:6 и 6:1.
Во второто коло Ѓорческа ќе се сретне со Австријката Барбара Хас која е прв носител на турнирот.