Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на фјучерс-турнирот во Севилја, откако со пресврт ја совлада четвртата носителка Изабела Шиникова од Бугарија, со 4-6, 6-3 и 6-3 по сетови.
Ѓорческа во полуфиналето ќе се соочи со победничката од дуелот помеѓу Хрватката Тена Лукас и Русинката Елина Аванесија.
Македонската тенисерка и Лукас ќе настапат во финалето во конкуренција на двојки, откако Шиникова нејзината партнерка Катарина Хобгарски не излегоа на полуфиналниот дуел.
Турнирот во Севилја е со награден фонд од 25 илјади долари и се игра на земјена подлога.