Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го освои турнирот во двојки што се играше на фјучерсот кој се игра во Телави, Грузија.
Ѓорческа заедно со својата партнерка во игра на двојки, Украинката Валерија Страхова, како први носителки, беа подобри од аргентинско-италијанскиот пар Викторија Босио – Анџелика Моратели (4:6, 6:4, 10:5).
Вредно е да се одбележи дека ова е втор турнир во двојки што годинава го освојува Ѓорческа.