ТЕНИС

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по рекорден седми пат ја завршува сезоната како прв на АТП-листата. Првиот светски рекет од вчера ја започна 348-та, рекордна недела на врвот и покрај поразот во полуфиналниот дуел од Германецот Александар Зверев на финалниот турнир за годинава во Торино, Италија. Србинот сега има вкупно 11.540 бода, втор е Русинот Данил Медведев (8.640), а трет Германецот Александар Зверев (7.840). Следуваат Гркот Стефанос Циципас (6.540), Русинот Андреј Рублев (5.150), Шпанецот Рафаел Надал (4.875) итн.
На женската ВТА-листа, пак, на врвот е Австралијката Ешли Барти со 7.582 бода, втора е Белорусинката Арина Сабаленка (6.380), а трета Шпанката Гарбине Мугуруза (5.685).