Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по победата над Јапонецот Кеи Нишикори на турнирот во Мадрид ги демантираше гласините дека Борис Бекер се враќа во неговиот тим.
– Не, Борис и јас се разидовме и во моментов сме на различни патишта. Засега сум задоволен со тимот што го имам – истакна Ѓоковиќ.
Бекер беше дел од тимот на Ѓоковиќ во периодот од крајот на 2013 година до крајот на 2016 година.