Екипата на Шутова на домашен терен со убедливи 3:0 во сетови, го совлада велешки Борец. За домаќините, велешки Борец не беше рамнопрванен ривал, а тоа го потврдува и резултатот по сетови од 25:12, 25:13 и 25:18.

Во првите два сета од самиот старт убедливо водство на домаќините и без резултатска неизвесност. Во третиот сет само во првите три поени забележавме водство на Борец, за потоа Шутова да ја превземат играта во свои раце и да го освојат и овој сет со убедливи 7 поени разлика. Во домашната екипа немаше слабо место, а значаен придонес даде и новото засилување Шапе. Единствен противник на одбојкарите на обете екипи и стотината гледачи беше студената сала, со само неколку степени, што ни малку не беше пријатно ниту да се игра, ниту да се гледа.

З.А.