Американката Микаела Шифрин задоцни само една стотинка на велеслаломската трка во Сестриере, во рамките на Светскиот куп (СК) зад копобедничките, Италијанка Федерика Брињоне и Словачката Петра Влхова (2;21,15). Лани на 1 февруари во велеслаломот во Марибор, Шифрин и Влхова го поделија првото место. Во март 2006 година на супервелеслаломот во Хафјел, Норвешка, трите најдобри скијачки, Линдзи Вон, Михаела Дорфмајстер и Надја Стајгер, пристигнаа на целта во исто време, а четвртопласираната Кели Вандербик задоцни само една стотинка!
Шифрин призна дека сезонава се соочува со недостиг од самодоверба откако минатата година победи на рекордни 17 трки. Највозбудливо нешто за мене е што луѓето престанаа да ме прашуваат дали сум непобедлива. Но јас се чувствувам навистина добро, лани победив на неколку трки со мала разлика, сега е обратно, среќата ми го сврте грбот, тоа е нормално – изјави Шифрин, која на половината од годинашната сезона има забележано четири победи, исто колку и Влхова.
На четири велеслаломски трки до крајот води Брињоне со 375 поени, 61 повеќе од Шифрин. Таа ќе се обиде да биде шестата скијачка победничка во оваа дисциплина во последните шест сезони.