Минатогодишниот шампион во Формула 1 натпреварувањето Луис Хамилтон доминираше на квалификациите за ГП на Австралија, втор од стартната линија ќе стартува неговиот тимски колега Валтери Ботас.
Ферари останаа на половина секунда зад Мерцедес, откако Себастијан Фетел беше побрз од Шарл Леклер, кој покажа завидна брзина, но остана петти по Макс Верстапен од Ред Бул.
Хас го повторија силниот старт од минатата година, откако Грожан и Магнусен ги освоија шестото и седмото место.
Одличен впечаток на првите квалификации остави и дебитантот во Мекларен, Ландо Норис, кој запиша осмо време.
Првата десетка ја комплетираа Кими Раиконен со Алфа Ромео и Серхио Перез со Рејсинг Поинт.
Комлетната дваесетка низ трите квалификациски рунди.
1. Луис Хамилтон (Мерцедес)
2. Валтери Ботас (Мерцедес)
3. Себастијан Ветел (Ферари)
4. Макс Верстапен (Ред Бул)
5. Чарлс Леклерк (Ферари)
6. Роман Грожан (Хас)
7. Кевин Магнусен (Хас)
8. Ландо Норис (Мекларен)
9. Кими Раиконен (Алфа Ромео)
10. Серхио Перез (Рејсинг поинт)
11. Нико Хулкенберг (Рено)
12. Даниел Рикардо (Рено)
13. Александер Албон (Торо росо)
14. Антонио Џиовинаци (Алфа Ромео)
15. Данил Квјат (Торо росо)
16. Ленс Строл (Рејсинг поинт)
17. Пјер Гасли (Ред Бул)
18. Карлос Саинц јуниор (Мекларен)
19. Џорџ Расел (Вилијамс)
20. Роберт Кубица (Вилијамс)
Утрешната трка на стазата во Мелбурн, Австралија ќе ја отвори овогодинешната сезона во Формула 1 натпреварувањето, а таа стартува во 6 часот наутро.