Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва загуби од фаворизираната Холандија со резултат 0-3 (20-25, 18-25 и 22-25 по сетови), во второто коло од Европското првенство. Избраниците на селекторот Душко Николиќ во првиот дуел беа поразени од домаќинот Финска со 1-3.
Холанѓаните имаа контрола врз мечот и за нешто повеќе од час и половина игра стигнаа до триумф. Никола Ѓоргиев беше најефикасен кај „црвено-жолтите“ со 15 поени, додека Александар Љафтов забележа 11. Македонија в недела ќе се сретне со Турција.
Холандија е прва на табелата со максимални шест бода и без загубен сет, пред Турција која исто така има шест поени, потоа следи Финска со три поени од една средба, додека Русија, Шпанија и Македонија се без бодови.