Унгарската пливачка, Катинка Хожу, триумфира на трката на 200 метри мешано на Европското првенство (ЕП) во Глазгов и стана првата жена со пет последователни европски титули во иста дисциплина. Унгарката претходно беше најбрза на шампионатите во Будимпешта 2010, Дебрецен 2012, Берлин 2014, Лондон 2016 и сега во Глазгов 2018-та. Со петтиот триумф на 200 метри мешано таа влезе во друштво со сонародникот Ласло Чех, тие се единствени пливачи со по пет победи во низа. Чех победуваше на 200 мешано, на ЕП од 2004 до 2012 година.
Младиот руски пливач, Евгениј Рилов (21 год.), постави нов европски рекорд на 200 метри грбно. Новото најдобро континентално време сега е 1:53.36 минути. И претходниот рекорд (1:52.61 мин.) му припаѓаше на Рилов, кој е и светски шампион во оваа дисциплина. За него ова е трет медал од ова ЕП, освои злато во штафетата 4х100 метри слободно и сребро на 100 метри грбно.
Третиот медал на ЕП го освои и Швеѓанката Сара Сјостром по триумфот на 100 метри слободно. Претходно Сјостром ги освои и титулите на 50 метри слободно и на 100 метри пеперутка.
Британецот Адам Пити исто така веќе има три златни медали од ЕП. Тој постави европски рекорд на 50 метри градно (26.09 секунди), а претходно, на 100 метри градно постави и светски рекорд со време од 57.10 секунди. Пити беше дел и од британската штафета, која триумфира во трката 4×100 метри мешано.