ФОРМУЛА 1 – УТРЕ ТРКА НА ПАТЕКАТА „ХУНГАРОРИНГ“

Светскиот првак Луис Хамилтон беше најбрз на првиот тренинг пред утрешната трка за големата награда на Унгарија во Формула 1, трета сезонава. Зад него се пласира неговиот клупски колега Валтери Ботас, кој имаше послабо време за 86-илјадити делови од секундата. Двајцата имаа по една победа во првите две трки сезонава, двете возени во Австрија, во минатите две недели.
Пред трката на патеката „Хунгароринг“ (утре од 15.10 часот), во водство во генералниот пласман е Ботас со 43 бода, а потоа следуваат Хамилтон со 37, Ландо Норис со 26, Чарлс Леклерк со 18, Серхио Перез со 16, Макс Ферстапен со 15 бода итн.
Британецот Хамилтон има шанса утре да го изедначи рекордот за најмногу победи на една трка во Формула 1, кој во моментов го држи Германецот Михаел Шумахер, кој осум пати го освои француското гранпри (во периодот од 1994 до 2006 година). Хамилтон победи седум пати на трките во Унгарија и во Канада, а Шумахер има по седум победи во Канада и во Сан Марино.