Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер сè уште не планира да замине во пензија, иако наскоро ќе наполни 39 години. Тој претходно зборуваше на оваа тема во неколку наврати, велејќи дека не е сигурен што ќе се случи, но овојпат рече дека дефинитивно не планира да го напушти тенисот во скоро време.
– Нема нови вести за повлекување или какви било планови да престанам да играм. Семејството е здраво, и мојата сопруга е ок, јас се чувствувам добро и затоа мислам дека сè уште можам да се натпреварувам на највисоко ниво, како што направив во Австралија – рече Роџер.
Тој истакна дека е среќен што уште може да игра тенис.
– Среќен сум што сум сè уште на теренот. Никогаш не се знае, но јас немам никакви планови за пензија и заминување во моментов. Задоволен сум што сезоната започна добро – вели тој.
Федерер загуби од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на годинешниот Австралија опен.