Гостивар, Алкалоид и Гамбит Асеко СЕЕ имаат по три победи од исто толку кола

ШАХ – ЕКИПНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

На 29. Екипно првенство на Македонија во шах, кое се игра во Струга во 7 кола, по 3-то коло, на врвот се издвоија Гостивар, Алкалоид и Гамбит Асеко СЕЕ, со максимални шест екипни бода. Најубедлив во ова коло беше Алкалоид, со 5,5 поени по табли од шест можни. Поединечно, пак, не изостанаа изненадувањата, па, така, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ ремизира со Виктор Раниќ, а ВМ Кирил Георгиев со Љубомир Данов, додека ФМ Душан Стефановски загуби од Кире Николоски. Единствената шахистка на првенството, Ивана Манова (20), во жртвен стил го победи Алит Абдији. Три поединечни победи засега имаат Анте Бркиќ, Ндерим Сарачи, Дејан Стојаноски и Емил Ристески.
На табелата водат Гостивар, со 6 бода (14,5 по табли), Алкалоид, со 6 (14,5), и Гамбит Асеко СЕ, со 6 (14), и од нив треба да се бара новиот првак. Следуваат Прилеп со 4 (12,5), Анпасан со 2 (8,5), Центар со 0 (3,5), Куманово со 0 (3), Карпош со 0 (1,5).
Резултати 3. коло: ГОСТИВАР – ПРИЛЕП 4-2 (ВМ Бркиќ – ВМ Богосављевиќ 1-0, ВМ Шариќ – ВМ Миљковиќ реми, ИМ Сарачи – ИМ Златановиќ 1-0, ИМ Стојановски – ИМ Кироски 1-0, ИМ Стаменков – ФМ Трајкоски 1-0, ФМ Стефаноски – Николовски К. 0-1). АЛКАЛОИД – КАРПОШ 5,5-0,5 (ИМ Панчевски – Главинац 1-0, ВМ Недев – Куков Т. 1-0, ИМ Лазов – Петров 1-0, ВМ Станојоски – Димковски 1-0, ВМ Јаќимовиќ – Раниќ реми, ВМ Богдановски – Цветковски 1-0). ГАМБИТ АСЕКО СЕЕ – КУМАНОВО 4,5-1,5 (ВМ Георгиев – Данов реми, ВМ Арнаудов – ИМ Куков В. реми, ИМ Николовски Н. – ИМ Средојевиќ реми, ФМ Ристески – Крстевски 1-0, ИМ Подлесник – Симов 1-0, ИМ Данчевски – Шемшији 1-0. ЦЕНТАР – АМПАСАН 1,5-4,5 (Симјановски – ИМ Сеитај реми, Велјаноски – ИМ Паско 0-1, АФМ Златков – Трајановски 0-1, ФМ Петковски – ФМ Органџиев 0-1, Петрески – Аслани 0-1, Манова – Абдији 1-0).