АТЛЕТИКА
Таа пред неколку дена ја истрча патеката за 10,54 секунди. Светскиот рекорд на Американката Грифит-Џојнер од 1988 година е 10,49 секунди. Следува митинг од Дијамантската лига в четврток во Лозана
Двојната олимписка шампионка Елејн Томпсон-Хера од Јамајка чувствува дека новиот светски рекорд на 100 метри за жени е на дофат додека се подготвува за настап на Дијамантската лига во Лозана, Швајцарија, пишува „Би-би-си“.
Таа пред неколку дена патеката од 100 метри ја истрча за 10,54 секунди во Дијамантската лига во Јуџин, што е второто најбрзо време во историјата. Само Американката Флоренс Грифит-Џојнер трчала побрзо, кога го постави светскиот рекорд со време 10,49 секунди во 1988 година. Митингот во Швајцарија се одржува в четврток.
– Пред неколку години ме прашаа дали можам да го соборам тој рекорд и реков дека тоа не е можно. Но истрчав за 10,54 секунди, што значи дека рекордот е на дофат и дека сѐ е можно – рече Томпсон-Хера, пренесе „Би-би-си“.
Таа сезонава ја задржа својата двојна олимписка титула на 100 и на 200 метри во на Летните олимписки игри во Токио и се доближи до соборување на долгогодишниот рекорд на Грифит-Џојнер. Во Токио, Томпсон-Хера го освои златниот медал на 100 метри, со време од 10,61 секунди, што е нов олимписки рекорд.