Славниот голфер Тајгер Вудс е буден и се опоравува од операцијата по вчерашната сообраќајна несреќа, се вели во соопштението објавено рано утрово на неговиот официјален профил на Твитер, пренесуваат светските медиуми.
Четириесет и петгодишниот Вудс кој вчера имал сериозна сообраќајна несреќа во близина на Лос Анџелес, е „контактибилен е и се опоравува во својата болничка соба“, се вели во соопштението.
Возилото на Вудс се превртело на патот, по што тој бил извлечен од автомобилот од пожарникарите, при што му биле констатирани повреди на ногата, објавила канцеларијата на шерифот за областа Лос Анџелес.
Повредите на ногата не се опасни по живот, пренесува американската спортска мрежа „И-ес-пи-ен“.