Таткото на Михаел Шумахер, Ралф, има целосен пристап до финансиите на својот син, открива германскиот весник „Бунте“.
Богатството на седумкратниот светски шампион се проценува на околу 800 милиони евра. Од медиумот информираат дека ваква одлука е донесено уште во 1992 година, кога со нотарски заверен документ, пилотот му дава право на неговиот родител да го застапува.
„Бунте“ пишува дека тоа не значи оти сопругата на Мајкл, Корина, треба да побара дозвола од нејзиниот свекор, ако сака да ги користи финансиите на нејзиниот сопруг.
Пред четири години Шумахер беше сериозно повреден за време на скијање. Многу пари се трошат токму на неговиот третман. Меѓутоа, при подигнување големи суми, Корина мора да побара дозвола од специјална канцеларија во Швајцарија, која ги штити правата на луѓето, наведува весникот.
Оттаму додаваат дека не постои конфликт меѓу Ралф и неговата снаа.