Охридска планинарска екипа пред четири децении направи подвиг искачувајќи го од француска страна 4.810 метри високиот Мон Блан.
Владо Бојаџи, Љупчо Поп Стефанија, Владимир Тунтев, Михаил Битрак, Андон Бојаџи, Климе Волкан, Миле Бафчанџиев, Људмил Цветаноски и Кирил Филев ја сочинуваа првата охридска, односно трета македонска експедиција која успешно го освои Мон Блан, запишувајќи се во историјата на 22 јули 1980 година.
Синоќа на телевизија ТВМ премиерно беше прикажан документарниот филм „Од Белото езеро до Белата планина – 40 години подоцна“ во кој се зборува за подвигот на оваа екипа.