Само една недела по катастрофалниот судир на Формула 2 трката во која животот го загуби младиот Французин Антоан Убер, мотоспортот уште еднаш докажа дека е супер-опасен спорт, откако австралискиот Ф3 возач, Алекс Перони имаше застрашувачки инцидент во Монца.
Болидот на Перони буквално летна во воздух во финишот на првата Ф3 трка на супер-брзата патека Монца, откако најверојатно удри во шиканата на излезот од кривината. За среќа, Перони сам излезе од болидот и беше веднаш однесен на медицински тестови во лекарскиот центар.